вторник, 22 октомври 2024

Брутални закани на Дмитриј Медведев: Патот на Украина кон НАТО може да заврши или со исчезнување на таа земја или на Алијансата

Еден од најблиските сојузници на рускиот претседател, заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев, повторно им се закани на Украина и на Западот.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на социјалните мрежи, Медведев на англиски ги цитираше заклучоците на НАТО на самитот во Вашингтон, кои го потврдија продолжувањето на поддршката за Украина и нејзиниот пат кон идно членство во алијансата.

„Заклучокот е очигледен. Мораме да сториме сè за „неповратниот пат“ на Украина кон НАТО да заврши или со исчезнување на Украина или со исчезнување на НАТО. Или уште подобро, со исчезнување на двете“, напиша Медведев.

Медведев, кој за време на неговото претседателствување од 2008 до 2012 година важеше за посредник кон Западот, стана еден од највоинствените руски функционери од почетокот на војната во Украина.

Тој постојано ги предупредува САД и европските сојузници дека нивното вооружување на Киев може да доведе до „нуклеарна апокалипса“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ