вторник, 22 октомври 2024

Бродските компании го избегнуваат Суецкиот канал, пораснаа цените на нафтата

Цените на нафтата пораснаа денес на меѓународните пазари бидејќи нападите на јеменските Хути на бродовите во Црвено Море предизвикуваат страв од прекини на редовните снабдувања. Цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за 62 центи во однос на претходното затворање, на 77,17 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 47 центи повисока цена, од 71,90 долари.

Објавено на

часот

Сподели

Бритиш петролеум привремено ги сопре сите транзити низ Црвено Море, соопштено е денес, по нападите на Хутите кои го контролираат поголемиот дел од Јемен, на танкерите за време на викендот. И бродските компании соопштија во текот на викендот дека ќе го избегнуваат Суецкиот канал. Цените на двата пазари минатата недела бележеа мал плус  по седумте недели пад откако минатонеделниот состанок на американската централна банка Фед даде надеж дека зголемувањето на каматните стапки е завршено.

„Порастот на геополитичките премии на ризикот, сега во облик на редовни напади на Хутите на комерцијални бродови во Црвено Море, има неспорна улога во оживувањето на цените на нафтата“, вели Томас Варга од ПВМ.

Поддршка дава и соопштението на Русија дека ќе го продлабочи намалувањето на извозот на нафта во декември за можни 50 илјади барели дневно или повеќе, нешто што е најавено од претходно, додека најголемите светски извозници со кастрења на своето производство се обидуваат да ги поддржат глобалните цени на нафтата.

Шиитските бунтовници Хути во Јемен ја презедоа денес одговорноста за нападите на два брода во Црвено Море. Брод во сопственост на Норвешка беше нападнат денес од, според американските власти, јеменска територија под контрола на проиранските бунтовници.

Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за нападите на два брода: норвешкиот „Свон Атлантик“ и на бродот „МСЦ Клара“, објави воениот портпарол на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Во изминатите денови неколку водечки шпедитерски компании, како МСЦ и Маерск, почнаа да пловат околу Африка, што ги зголеми трошоците и времето на нивните пратки. Низ Суецкиот канал минува околу 15 отсто од светскиот промет.

Хитите ги напаѓаат бродовите како протест против израелската војна во Појасот Газа и тврдат дека напаѓаат бродови поврзани со Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ