сабота, 19 октомври 2024

Брнабиќ: Вие етнички ја исчистивте Хрватска. Не постои друга етнички чиста држава во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Кажа дека мисли дека тоа прво требало да го направи некој друг, „пред сè Хрватска, а потоа и Босна и Херцеговина“.

„Правдата мора да биде достижна, особено во вакви случаи. Ова, од човечка страна, е ужасно злосторство на повеќе нивоа. Тоа биле главно семејства, жени со деца, стари луѓе, протерани, кои избегале од Хрватска во тоа етничко чистење. Тие веќе физички ја напуштиле територијата на Хрватска и некој бил таков злосторник, таков монструм и толку задоен со омраза кон тие луѓе само затоа што се Срби, што испратил авиони, „мигови“ на нив. На бегалската колона која веќе ја напуштила Хрватска. И ги гранатирал за да ги убие тие луѓе, жени, деца и старци“, кажа Брнабиќ.

На прашањето да ја искоментира изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека хрватската влада ќе ги искористи сите механизми за да ги заштити хрватските пилоти и достоинството на Татковинската војна и да испрати јасна порака за тоа што се основните вредности на современа Република Хрватска, и дали во таа политичка хрватска психологија „оваа Татковинска војна има статус кој исклучува прикажување на какви било непријатни факти“, Брнабиќ кажа дека тоа е целосно во согласност со „достоинството на таа Татковинска војна“.

„Вие етнички ја исчистивте Хрватска, не постои друга етнички чиста држава на територијата на Европа освен Хрватска. Вие ги избркавте сите тие луѓе па велите – не морале да бегаат. Видовме како не морале да бегаат бидејќи оние кои останале се главно убиени“, истакна Брнабиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ