петок, 18 октомври 2024

Брнабиќ од Тирана: Отворен Балкан продолжува да постои

Објавено на

часот

Сподели

„Она што сакам да го кажам е дека Отворен Балкан продолжува да постои и дека продолжуваме со нашите иницијативи. Пред само три дена отворивме заедничка изложба на Отворен Балкан во српскиот културен центар во Париз, така што продолжуваме со тие иницијативи“, порача српската премиерка од Тирана.

Додаде дека ја завршува својата посета на главниот град на Албанија и дека со колегите од регионот разговарала за две важни теми за време на состанокот.

„Тукушто ја завршувам својата посета на Тирана на покана на премиерот на Албанија Еди Рама. Имавме реално две теми – едната беше Отворен Балкан, но и самитот на Берлинскиот процес, чиј домаќин ќе биде Албанија во октомври годинава“, кажа српската премиерка.

Кажа дека за време на работниот ручек со премиерите на Црна Гора Дритан Абазовиќ и на Македонија Димитар Ковачевски присуствувал и европскиот комесар за проширување Оливер Вархељи, со кого било разговарано за развојниот план за Западен Балкан.

„Се надевам дека тоа е нешто што ќе заживее до крајот на оваа година, па од следната да се обидеме од партнерите од ЕУ да извлечеме повеќе средства за економскиот раст и развој на Западен Балкан и тоа да биде нов придвижувачки механизам за европските интеграции и приближувањето на Западниот Балкан и ЕУ“, истакна Брнабиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ