сабота, 19 октомври 2024

Брнабиќ: Курти сака етничко чистење на Косово

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ кажа дека во односите на Белград и Приштина однапред се поделени улогите во кои Србија секогаш е негативецот, а Приштина е бедна и немоќна сила која прави сè што може и дека во тоа фактичката состојба нема тежина.

Објавено на

часот

Сподели

Брнабиќ кажа дека гледачите за време на интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за Си-ен-ен можеле да видат како изгледа притисокот врз Србија.

Премиерката ја обвини и српската опозиција дека нема разлика меѓу она што тие го зборуваат и она што го тврди Приштина, кога станува збор за настаните на Косово.

Брнабиќ кажа дека не оправдува убиство на кого било, па ни убиството на косовскиот полицаец Албанец. Но додаде дека Србите на Косово трпат постојан притисок од властите во Приштина и дека поради тоа е прашање на време кога ќе се случи нов инцидент.

„Не можете постојано да живеете под таков терор“, наведе Бранбиќ.

Таа за апсењето на Милан Радоичиќ, осомничен за организирање на оружениот инцидент во кој на 24 септември во Бањска на северот на Косово беа убиени косовскиот полицаец и тројца локални Срби само кратко одговори „Србија е правна држава“.

„Ова е правна држава и ние ќе направиме сè што треба за да работиме во согласност со законот и уставот, ќе ги истражиме сите околности и ќе постапиме во согласност со нив“, кажа српската премиерка и додаде дека „мора да се соберат сите докази и да се брани апсолутната вистина“ пред седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово закажана за 18 октомври.

Брнабиќ истакна дека претставниците на Србија мора да ја зборуваат само вистината бидејќи вистината ја штити позицијата на земјата. „Нас нè чува вистината. Да ги чува вистината овие другите, тие не би се служеле со лаги и дезинформации.

Истакна дека косовскиот премиер Аљбин Курти сака само етничко чистење на Косово и Метохија. „Не сака Срби на Косово и Метохија. Не сака ни Роми. И тоа никој не го спречува“, изјави Брнабиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ