сабота, 19 октомври 2024

Брнабиќ: Ја имате мојата оставка; Вучиќ: Сега е јасно, одиме на предвремени избори (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Брнабиќ и Вучиќ синоќа се обратија во директен телевизиски пренос, а обраќањето беше најавено како „важни вести, значајни за граѓаните“.

„Трагедиите кои нè погодија длабоко нè потресоа и променија. Оваа држава повеќе никогаш нема да биде иста и вечерва сакам да им изразам најдлабоко сочувство на семејствата на загинатите. Како влада заедно со претседателот многу работевме, усвоивме одредени мерки за нашата земја да ја направиме побезбедна, а особено децата, и за долгорочно да создадеме побезбедно општество“, кажа Брнабиќ.

„Како претседателка на владата спремна сум во секој момент да поднесам оставка на местото премиерка. Најголема чест ми е што имав прилика да работам за својата земја. Во овој момент, кога општеството е во таква криза, единственото решение е да се разговара. Тие тој разговор го добија. Сметајте дека мојата оставка е на маса и верувам дека излез од оваа криза се парламентарни избори. Му препуштам на претседателот на Републиката да ја донесе одлуката, а тој ја има мојата оставка на располагање“, додаде српската премиерка.

Вучиќ кажа дека ќе причека опозициските партии да одговорат на нивниот повик на дијалог и дека власта нема да се менува на улица. „Верувам дека сепак ќе најдеме соговорници меѓу оние кои треба да покажат далеку поголема сериозност и одговорност. Ако не, одиме на избори“, кажа Вучиќ.

„Јано е дека ќе имаме предвремени избори, само е прашање на месец кога ќе бидат. Тензиите во општеството секогаш се решаваат со избори, некои тие тензии ги создаваа не затоа што имаа политички барања, туку затоа што имаа барања од одредени тајкуни за остварување на нивните интереси. Ниту едно барање не се однесува на позицијата на децата, наставниците или која било општествена група, освен политичарите и тајкуните“, кажа српскиот претседател.

„Јас како претседател на Републиката ќе ги чекам на разговори, да не биде дека ние не сме го сакале тоа. Ќе им кажам дека тоа е единствениот можен пат за да се случат промените кои тие ги сакаат. Нема да има преодна влада бидејќи за преодна влада е потребна моја одлука, а јас таква одлука нема да донесам. Тоа е уништување на Србија, разурнување на Србија, тоа би значело дека во тој момент со Србија управуваат еден тајкун и неколку центри на моќ, а не граѓаните на Србија“, кажа Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ