петок, 19 јули 2024
„Сребрени шмркачи“

Британски пензионери во се поголема мера користат кокаин

Бројот на постари луѓе кои се лекуваат поради употреба на кокаин драстично е зголемен во Велика Британија минатата година, покажуваат бројките добиени од Сан.

Објавено на

часот

Сподели

Лица постари од 60 години, наречени „сребрени шмркачи “, биле примени на ургентно одделение 540 пати.

Ова вклучува 85 лица на возраст од 70 до 79 години, 11 во нивните 80-ти, пишува Сан.

Д-р Матин Дурани, клинички експерт во Британската група за лечење на зависности, рече дека бројките сугерираат дека употребата на кокаин може да има штетно влијание врз корисниците од сите возрасти.

„Корисниците на кокаин во своите 60-ти, 70-ти и 80-ти можеби не се навикнати на силината на дрогата што е достапна на пазарот во последните неколку години. Ова доведе до поголеми проблеми директно поврзани со нивното целокупно ментално здравје“, рече тој.

Многумина од примените би претрпеле предозирање или напади, но бројките ги земаат предвид и луѓето кои страдаат од проблеми како депресија поради употреба на кокаин.

Алармантно е што имало и два случаи на лекување на деца помлади од девет години – кои најверојатно во домот пронашле кокаин и случајно го земале.

Севкупно, Министерството за здравство на Обединетото Кралство забележа 12.082 приеми помеѓу 2022 и 2023 година, што е за 81 отсто повеќе од пред 10 години, кога биле регистрирани 6.680 случаи.

Растечкиот број на средовечни и пензионери кои користат кокаин е наречен „подем на сребрените шмркачи“.

Британија сега се смета за европска престолнина на кокаинот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ