петок, 25 октомври 2024

Британија ќе ѝ испрати на Украина над 10.000 дронови

Британија на Украина ќе ѝ испорача повеќе од 10.000 дронови во 2024 година, вклучувајќи дронови за напади, изјави денес британскиот министер за одбрана Грант Шапс за време на посетата на Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лондон ќе издвои дополнителни 146 милиони евра за набавка на „најсовремени“ беспилотни летала, со што нејзината помош ќе достигне 325 милиони фунти (380 милиони евра).

Британските власти ја сметаат таа опрема за многу ефикасна во борбата на украинските сили против руската војска.

„Ја продолжуваме нашата посветеност да ја вооружуваме Украина со нови најсовремени беспилотни летала, кои доаѓаат директно од британските произведувачи на оружје, светски лидери“ во тој сектор, кажа Шапс, охрабрувајќи ги сојузниците на Киев да го направат истото.

Британија на средината на февруари соопшти дека заедно со Летонија ќе ја предводи коалицијата одговорна за организирање на производство и испорака на илјада дронови во Украина „во голем обем и по достапни цени“.

Лондон соопшти дека ќе издвои седум милијарди фунти (8,1 милијарди евра) за воена поддршка на Украина од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година.

Британската војска обучува десетици илјади украински војници на своја територија, вклучувајќи идни пилоти за да управуваат со борбени авиони Ф-16.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ