недела, 20 октомври 2024

Британија и официјално доби нов крал: Крунисан Чарлс Трети (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата Ројтерс наведува дека ова е најголемата церемонија во Британија во последните седум децении.

Пред конгрегацијата од околу 100 светски лидери и милионска телевизиска публика, кентерберискиот надбискуп, духовниот лидер на Англиканската црква, полека ја стави 360-годишната круна на свети Едвард на главата на Чарлс додека кралот седеше на престолот од 14 век во Вестминстерската опатија.

Историскиот и свечен настан датира од времето на Вилијам Освојувачот од 1066 година.

Втората сопруга на Чарлс Камила (75) ќе биде крунисана за кралица за време на церемонијата.

Пред гостите во Вестминстерската опатија во Лондон на кралот му беше ставена круната на свети Едвард која ќе ја носи само овој пат во животот, јавува Би-би-си.

Во салата се слушнаа извици „Боже спаси го кралот“ (God save the King).

Претходно, држејќи ја раката на Библијата, новиот крал ја положи заклетвата, ветувајќи дека ќе го почитува законот и Англиската црква за време на владеењето и дека ќе биде „посветен протестант“.

Чарлс на тронот на наследи својата мајка, кралицата Елизабета Втора, која почина минатат година.

Воедно, сопругата на Чарлс Камила повеќе нема да ја носи титулата кралица сопруга, туку само кралица.

За разлика од крунисувањето на Елизабета во 1953 година, кога имало околу 8.000 гости, оваа церемонија беше поскромна – во Вестминстерската опатија имаше околу 2.000 гости, меѓу кои државници, претставници на верските заедници, глумви, пејачи и други славни личности, како Џил Бајден, сопругата на американскиот претседател Џо Бајден, и Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ