сабота, 19 октомври 2024

Британија ги заостри визите и го зголеми минималецот за да го намали бројот на имигранти

Велика Британија најави дека планира да го намали бројот на легални имигранти во земјата со зголемување на минималната плата што мора да ја заработат за една третина, во екот на притисокот врз премиерот Риши Сунак да се справи со рекордниот број на нови имигранти.

Објавено на

часот

Сподели

Високите нивоа на легална миграција доминираат на британската политичка сцена повеќе од една деценија и беа клучен фактор во гласањето за напуштање на Европската унија на референдумот во 2016 година.

Сунак вети дека ќе стекне поголема контрола врз миграцијата откако пратениците од неговата Конзервативна партија ги критикуваа неговите резултати по ова прашање пред изборите што се очекуваат следната година.

Опозициската Лабуристичка партија во моментов ужива голема предност во анкетите. Стопанствениците и синдикатите ги оценија мерките како контрапродуктивни за приватниот сектор и државната здравствена служба, кои страдаат од недостиг на работна сила.

Минатата година, 745.000 повеќе луѓе се преселиле во ОК отколку што се иселиле. Нивото на имиграција остана еднакво високо оттогаш и мигрантите се главно од земји како Индија, Нигерија и Кина, а не од ЕУ, што беше случај претходно. Министерот за внатрешни работи Џејмс Клеверли рече дека новите мерки може да го намалат тој број за 300.000.

„Имиграцијата е превисока. Денес преземаме радикални мерки за да ја намалиме“, рече Сунак, кој исто така се обидува да депортира илегални мигранти во Руанда, каде што ќе се обработуваат нивните барања за азил.

Клеверли рече дека владата ќе ја зголеми минималната плата што странските квалификувани работници мора да ја заработуваат на 38.700 фунти (околу 45.100 евра) годишно, што е значително зголемување од сегашните 26.200 фунти (30.536 евра). Од ова ќе бидат изземени здравствените и социјалните работници.

Другите мерки вклучуваат забрана за странски здравствени работници да носат членови на семејството во ОК со својата виза, зголемување за 66 отсто на партиципацијата што мигрантите мора да ја платат за да користат здравствени услуги и зголемување на минималниот приход за семејните визи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ