Академија Пандев врти нов лист во клупската историја и сега почнува да функционира под ново раководство, со ново име. Горан Пандев останува претседател, а спортски директор на Брера е Ацо Стојков.
Брера денеска го промовираше новиот стручен штаб. Прв тренер е Џовано Валенти. Станува збор 47 годишен тренер кој дојде од младинскиот погон на Парма Италија а има работено и со младинските категории на Јувентус, Бреша и Милан. Валенти беше и две години помошник тренер на младинските репрезентации на Италија до 19 и 20 години. За негов помошник ангажиран е 56 годишниот Микеле Кавали кој во својат акариера има работено во Шахтјор, Сасуоло и Јувентус. Додека тренер на голманите на сениорите е Алесандро Пегорари кој работеше со младинските категории во Парма.
„Ќе дадеме се од себе за да ја донесеме овде нашата идеја, нашата филозофија. Сакаме да се игра добар фудбал, добар стил на фудбал. Ние сме млад тим имаме доста млади играчи, но тоа ми се допаѓа и најважната работа во моментот е да им се помогне да пораснат да се подобрат и потоа да видиме што може да се направи за да ги вклучиме во првиот тим“, кажа Валенти во својата прва изјава во Струмица.