вторник, 22 октомври 2024

Брера го отпушти тренерот Валенти

Брера Струмица му врачи отказ на тренерот Џовани Валенти поради лошите резултати на тимот, чашата ја прели поразот од Работнички во минатото коло.
 

Објавено на

часот

Сподели

Од струмичкиот клуб велат дека со Валенти спогодбено се разделиле, а наскоро ќе биде назначен нов тренер.

„Управата на „Брера Струмица“ спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Џовани Валенти кој од денес нема да го предводи првиот тим. Раководството на клубот на овој чекор се одлучи согласно постигнатите резултати на сениорскиот состав  во Првата фудбалска лига на Македонија од стартот на сезоната кои не се вклопија во амбициите и стратегијата на клубот. По извршените разговори и анализа на постигнатите резултати, со ваквата одлука се согласи и италијанското трио предводен од Џовани Валенти кои во Струмица пристигна со асистентот Микеле Кавали како и тренерот на голманите Алесандро Пегорари“, стои во соопштението на Брера.

Генералниот директор на Брера, Јован Симиќ му се заблагодари Валенти.

,,Сакам да му се заблагодарам на господинот Валенти и неговите соработници за посветената работа во изминатите месеци. Донесовме заедничка одлука се во интерес на клубот. Нам сега ни преостанува што подобро да се подготвиме за последниот натпревар со екипата на Шкупи но и со предизвиците за вториот дел од сезоната. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Во последниот натпревар со Шкупи како вршител на должноста тренер екипата ке ја предводи некогашниот тренер на првиот тим Ѓорги Стојчев“ вели генералниот директор директор на клубот Јован Симиќ.

Брера под водство на Валенти забележа пет победи, исто толку нерешени средби и седум порази. Со освоени 20 бодови е на осмата позиција на табелата.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ