Тотнем имаше одличен старт на мечот, поведе уште во осмата минута со прекрасен гол на Хари Кејн. Домаќините беа подобар тим во првиот дел, но работите се променија во второто полувреме.
По пет минути игра во вториот дел, Ембуема даде гол за израмнување на 1-1, а само седум минути подоцна истиот фудбалер постигна нов гол, овојпат за пресврт и водство на Брентфорд од 2-1.
Во 88. минута Ембуема беше асистент на Виса кој реализираше за конечни 3-1 за Брентфорд.