сабота, 19 октомври 2024

Бразилскиот претседател ги повика државите во развој да најдат алтернатива на доларот

Објавено на

часот

Сподели

„Потребна ни е валута која на државите може да им пружи поголема стабилност, бидејќи денес државите мора да трчаат по доларот за да бидат во можност да извезуваат кога можат да извезуваат во својата валута“, изјави Лула во кинескиот финансиски центар Шангај, пренесува Ројтерс.

На почетокот на својата посета на Кина, Лула присуствуваше на инаугурацијата на поранешната бразилска претседателка Дилма Русеф на местото шеф на Новата развојна банка (НДБ) која ја формираа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Америка, познати како БРИКС.

Лула кажа дека банката, со седиште во Шангај, има голем потенцијал бидејќи „ги ослободува земјите во подем од потчинувањето на традиционалните финансиски институции, кои сакаат да управуваат со нив“.

Тој кажа дека финансиските потреби на земјите во развој се огромни, но дека недостигот од реформи ги ограничил кредитите од постоечките банки. Банката на БРИКС би можела да стане „големата банка на глобалниот југ“, кажа Лула.

Бразилскиот претседател кажа дека банката може да им помогне на земјите во развој помалку да зависат од доларот и да ја финансира трговијата во локалните валути.

Лула пристигна во средата во Кина и денес се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пред утре да ја заврши посетата, пренесува Асошиејтед прес.

Бразилската влада соопшти дека се очекува двете земји да потпишат најмалку 20 билатерални договори за време на посетата на Лула, истакнувајќи го подобрувањето на односите по тешкиот период за време на мандатот на поранешниот претседател Жаир Болсонаро.

Се очекува Лула и Си да разговараат за трговијата, инвестициите, реиндустријализацијата, енергетската транзиција, климатските промени и мировните договори, соопшти бразилската влада.

Кина е најголемиот извозен пазар на Бразил, кој секоја година купува десетици милијарди долари вредни соја, говедско, железна руда, живина, шеќерна трска, памук и сирова нафта.

Бразилско-кинеската трговија во текот на изминатата деценија растеше, за минатата година да достигне 150,4 милијарди долари, а Лула ја посети и кинеската компанија за телекомуникациска опрема Хуавеј, која е под американски санкции.

Клучниот дел од ангажманот на Лула во странство е неговата иницијатива Бразил и другите земји во развој, вклучувајќи ја Кина, да посредуваат за мир во Украина.

Меѓутоа, неговиот предлог Киев да се откаже од Крим, како отстапка за постигнување мир, предизвика незадоволство на украинската власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ