четврток, 24 октомври 2024

Браната на Отиња висока 33 метри е инвестиција на Владата, вели министерот Бочварски

Со проектот на Владата за брана на реката Отиња кај Штип е предвидено да се изведе камено-земјена брана во висина од 33 метри. Таа пред се ќе биде наменета за водоснабдување со технолошка вода за потребите во градот и интервентно дополнување на водоводниот систем со сурова вода. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој ја посети локацијата, истакна дека во овој момент се работи на изградба на загатот и на бочниот преливник и дека очекува наскоро да започне изградбата и на телото на браната.

Објавено на

часот

Сподели

Разговаравме со претставници од изведувачот и надзорниот орган, кои ни ги претставија активностите кои се реализираат на терен при изградбата на овој огромен, капитален проект за Штип и штипјани, предизвиците со кои се соочивме во изминатите месеци се надминуваат, а динамиката се зголемува. Темелниот испуст е веќе завршен, како и завршена е реализацијата и на инекциската завеса. Загатот на кој сега се работи е релизиран од скоро 50%, додека вкупниот прогрес на изградба на браната изнесува околу 60%“, изјави Бочварски.

д

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ