понеделник, 22 јули 2024

Божиновска е експерт, ценете нè по делата, рече премиерот на прашањето дали таа криела бугарско државјанство

Премиерот Христијан Мицкоски не мисли дека министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска криела дека има бугарско и чешко државјанство и на новинарите им рече својот фокус да го насочат кон работата и делата на владините претставници. Тој нагласи дека „функционерите не можат во биографијата да го стават целиот нивен матичен лист, за сè што правеле“.

Објавено на

часот

Сподели

„Еве, јас имам 46 години, затоа што ако напишев во биографијата сè што сум правел, претпоставувам неколку тома ќе беа, така што сакам да ви кажам дека како Влада остануваме отворени кон јавноста. Тоа е нашата политичка определба. Вие новинарите сте наши партнери и ние сме подготвени да одговориме на вашите прашања. Ве молам, ценете ја нашата работа според делата, да ги оставиме политичките игри настрана. Разбирам дека има центри коишто сакаат ова да биде интерес, а не работата на новата Влада, да биде интерес кој имал, кој кому намигнал, кој зошто вака кажал, така кажал, а да не биде интерес пола милијарда евра градинка, училиште, сала, реформи итн.. Разбирам дека има и такви центри, но јас би сакал да зборувам повеќе за вакви проекти какви што се денес“, рече премиерот кој заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски присуствуваа на поставувањето на камен темелник на нова детска градинка во населбата Бутел 2.

На повтореното новинарско прашање дали министерката има двојно или тројно државјанство и ја манипулира јавноста, Мицкоски нагласи дека не се согласува со констатацијата на новинарката и ја упати да побара одговор „од лицето за кое прашува“.

„Јас можам да кажам дека Сања е исклучителен експерт и европски експерт и сум среќен што ја имам како соработник во мојот тим“, рече Мицкоски.

За Божиновска неодамна беше пласирана информацијата дека таа поседува бугарско државјанство и дека бугарскиот пасош, како што самата изјавила, ѝ бил потребен поради работен ангажман во Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ