Натпреварот не беше неизвесен, во текот на вториот период Бостон се одлепи, на одморот замина со предност од 21 поен разлика и рутински го приврши мечот до крај за голема победа и големо славје.
Најдобар на теренот беше Тејтум со 31 поен и 11 асистенции, Браун постигна 21 поен. Најефикасен кај Далас беше Лука Дончиќ со 28 поени и 12 скокови.
МВП на финалната серија беше прогласен Џејлен Браун.
Со оваа титула Бостон изби на првото место како најтрофеен клуб во НБА. За нив ова беше 18. титула, втор е Лејкерс кој има 17.