вторник, 22 октомври 2024
Лука Дончиќ предвреме го заврши натпреварот

Бостон е на чекор до титулата, Далас се врати од -21, но не успеа да победи (ВИДЕО)

Бостон Селтикс поведе со 3-0 во финалната серија против Далас Маверикс откако го доби вчерашниот меч со 106-99, Лука Дончиќ предвреме го заврши мечот поради шест лични грешки.

Објавено на

часот

Сподели

Првото полувреме беше израмнето, Далас имаше еден поен предност на одморот, беше 51-50, но работите значително се променија во третиот период.

Таа четвртина Бостон ја доби со 35-19 и направи огромна предност. На почетокот од последниот период гостите дојдоа до највисоки 91-70, по што следуваше неверојатна серија на Далас од 22-2 со кои дојдоа на само еден негатива, беше 93-92 за Бостон.

Но, при резултат 93-90 за Бостон, Дончиќ ја заработи шестата лична грешка и не ја одигра самата завршница. Тоа го искористи Бостон и го доби мечот со 106-99.

За разлика од претходните два меча, Ирвинг имаше одлична партија, постигна 35 поени и беше најефикасен на натпреварот, Дончиќ реализираше 27. Најефикасен во составот на Бостон беше Тејтум со 31 поен, Браун постигна 30.

И следниот натпревар се игра во Далас кој ќе има невозможна мисија да се врати од 3-0 негатива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ