понеделник, 21 октомври 2024

Борел предложи зголемување на фондот за воена помош на Украина за 3,5 милијарди евра

Објавено на

часот

Сподели

Изворите, кои сакале да останат анонимни, истакнале дека Борел побарал од владите на ЕУ да обезбедат повеќе пари за Европскиот мировен фонд (ЕПФ), пренесува Ројтерс.

Овој фонд веќе потроши околу 4,6 милијарди евра на воена помош за Украина.

Меѓутоа, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто најави дека ќе ја блокира следната транша воена помош на Европската Унија за Украина и секој нов пакет санкции против Русија.

Тој наведе дека тоа може да се смени само под услов Киев да ја тргне унгарската ОТП банка од својата листа на воени спонзори.

Унгарија не ја одобри исплатата на следната транша воена помош за Украина во вредност од 500 милиони долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ