вторник, 22 октомври 2024

Борел: Помирување на Русија и Украина би било грешка

Помирување на Русија и Украина и прекин на непријателствата би било грешка, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Повторно доаѓаме во искушение за помирување. Овие идеи беа погрешни во 2022 година и останаа погрешни и денес. Не смееме да дозволиме тие да ја обликуваат нашата политика кон Украина“, напиша европскиот функционер во колумната за францускиот весник Нувел обсерватер.

Според него, 2024 година почнала со „дожд од руски дронови и проектили кои паднале на Украина“, а рускиот претседател Владимир Путин тврдел дека Украина не може да се спротивстави на руски напад и дека внатрешните поделби и енергетската зависност ќе ја спречат Европската Унија да ѝ помогне.

„Се подготви за војна која ќе трае само неколку дена. Многу Европејци беа блиску до тоа да го мислат истото. Меѓутоа, нештата се покажаа сосема поинакви. Путин не можеше да замисли дека две години подоцна Украина и понатаму ќе пружа отпор“, оцени Борел.

Тој додаде дека украинските оружени сили победиле во битката за Киев и Херсон и ослободиле повеќе од половина од територијата која ја зазема Русија. Исто така, ја прекинале блокадата на црноморските пристаништа и ја приморале Русија да го повлече поголемиот дел од својата флота од Крим, пишува Борел.

„Меѓутоа, украинската офанзива минатото лето не ги даде очекуваните резултати и руските агресори вршат притисок врз Украина, продолжувајќи со интензивното бомбардирање. Русија во 2023 речиси не напредуваше на бојното поле, но Путин и понатаму е спремен да испрати стотици млади Русија да гинат за да го освојат Киев. Неговата војска и неговиот народ патат, но тој не го знае патот назад“, оцени шефот на дипломатијата на ЕУ.

Тој додаде дека рускиот претседател сака што побрзо да го заврши конфликтот, но само под негови услови.

„Путин зборува за „денацификација“, „демилитаризација“, „демонтажа“. Три збора кои значат само едно: капитулација. Тој веќе во бројни прилики покажа дека не преговара со добра волја и дека не ги почитува постигнатите договори. А денес, помалку од една година пред американските избори, за кои верува дека би можеле да одат во прилог на неговите империјалистички амбиции, кој може сериозно да верува дека Владимир Путин бара компромис?“, праша Борел.

Оцени дека Путин згрешил околу способноста на својата војска, отпорот на Украинците и околу европското единство.

Победата на Украина пред руската агресија е најдобрата гаранција за безбедноста на Европа, смета Борел и заклучи дека со помош на ЕУ „Украина може да ги врати империјалните амбиции на Русија на ѓубриштето на историјата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ