недела, 24 ноември 2024

Борел ги покани Вучиќ и Курти на разговори следната недела во Брисел

Објавено на

часот

Сподели

Со оглед на тоа дека ситуацијата на теренот секојдневно се влошува, ги поканив највисоките претставници на Белград и Приштина на состанок за решавање на кризата, изјави Жозеп Борел за време на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Високиот претставник изјави дека ЕУ во соработка со командантот на КФОР и двете страни се обидува да утврди што точно се случило во врска со апсењето на тројцата припадници на косовската полиција и која била причината за овој инцидент, пренесува РТС.

„Ги повикуваме двете страни да останат смирени. Со оглед на тоа дека повторно сме во фаза на управување со кризи, ги поканив Белград и Приштина да разговараат за решенијата за оваа криза“, рече Борел.

Борел вчера му испратил писмо на Курти во кое наведува дека без смирување на ситуацијата на северот на Косово нема простор за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во писмото до Курти, Борел наведува и дека е подготвен да свика средба на високо ниво со Вучиќ под услов Курти да биде подготвен да ги преземе неопходните чекори за деескалација и да овозможи нови локални избори на северот на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ