вторник, 22 октомври 2024

„Борбата трае“ – Македонија го слави Илинден, 121 години од Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ

Двата Илиндена – 121 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска се слават на Мечкин Камен во Крушево и во Меморијалниот комплекс АСНОМ во селото Пелинце. Одлежување на празникот ќе има и во манастирот „Прохор Пчински“ во Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Со Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ,  удрени се темелите на македонската држава.

Овие датуми се длабоко врежани во колективната меморија на нашиот народ. Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода.

Почетокот на Илинденското востание против османлиската власт го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена.

На 2 Август во манастирот „Прохор Пчински“ било одржано Првото заседание на АСНОМ, на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Избран бил Президиумот на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

Денот на репубиката ќе се одбележи со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“, а пред се во Скопје, Пелинце и Крушево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ