вторник, 22 октомври 2024

Бомбардиран Црвениот крст во Газа : 22 лица загинаа, 45 се повредени

Во бомбардирањето на Црвениот крст во Газа загинаа 22 лица, кои претходно нашле засолниште во шатори во близина на просториите на хуманитарната организација.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ракети од тежок калибар паднаа на неколку метри од канцеларијата и сместувањето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во петокот попладне“, се вели во соопштението на Црвениот крст.

Оштетените простории се опколени со стотици раселени цивили кои живеат во шатори, меѓу кои има и многу вработени во Црвениот крст. Повредени се 45 лица.

Се додава дека сите страни имаат обврска да преземат мерки на претпазливост за да се избегнат повреди на цивили и хуманитарни објекти, пренесува Би-би-си.

Портпаролот на израелските одбранбени сили изјави за новинската агенција Франс прес дека првичните истраги сугерираат дека „нема индикации“ дека тие извршиле напад во областа, но додаде дека инцидентот „се разгледува“.

Црвениот крст додаде дека „овој сериозен безбедносен инцидент“ е само еден од неколкуте што се случија во последните денови и ги осуди нападите кои ги загрозуваат животите на хуманитарците и цивилите.

Министерството за здравство на Хамас во Газа објави дека 25 лица загинале, 50 се повредени во ракетирањето, за што го обвини Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ