Претходно Владата го разреши од должноста досегашниот директор на АНБ, Зарко Милошевски.
Според информациите за неговата кариера, Христовски има повеќегодишно искуство во безбедносните институции. Извесно време бил директорр на ГП „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од МВР. Инаку, Бојан Христовски, сè уште е активен како претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје.