Тадиќ стави крај на кариерата во репрезентацијата, барем додека Драган Стојковиќ – Пикси е селекторот, а повикот за престојните мечеви од Лигата на нации поради различни изговори го одбија Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Душан Влаховиќ.
Поранешниот фудбалер, а сегашен аналитичар, Раде Богдановиќ е убеден дека одбивањето не е случајно, фудбалерите не сакаат да играат под водство на Пикси.
„Причината што не се во составот е незадоволството од селекторо. Влаховиќ не сака да игра како крило. Какви може да се тие приватни причини кога те чека натпревар со европски шампион, па нема поголем мотив од тоа…но никој не сака да игра за суетниот Пикси“, рече Богдановиќ.