четврток, 6 февруари 2025

Боб Марли: Гласот на слободата, регето и растафаријанство

Во јуни 1980 година, Боб Марли беше видно болен на својот настап во Келн. Но, неговата харизма привлече 8.000 обожаватели. Особено ентузијазмот беше видлив кога ја отсвире „Redemption Song“.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Помалку од една година подоцна, на 11 мај 1980 година, Марли почина од рак. Живеел само 36 години, но неговите духовни и политички пораки живеат и денеска.

Боб Марли го направи регето толку препознатливо во светот што УНЕСКО го прогласи за нематеријално наследство на човештвото. Филмската биографија Една љубов (One Love) од 2024 година е своевиден филмски споменик на големиот музичар.

На дваесет и две години, Марли го открил растафаријанското религиозно движење. Неговите следбеници сметаат дека тој е роден на денот кога бил крунисан етиопскиот император Хаиле Селасие Први. Тоа беше на 2 ноември 1930 година. Неколку години пред тоа, јамајканскиот политички активист и застапник на пан-африканизмот, Маркус Гарви, го предвиде крунисувањето на моќниот црн крал во Африка, кој ќе доведе до ослободување на црнците.

Пред неговото крунисување, Селасие се викал Рас Тафари Маконен, „Рас“ е амхарски за принц, војвода. Членовите на новото религиозно движење го видоа во принцот Тафарија олицетворение на Исус Христос, живиот Бог на земјата.

Хаиле Селасие, името дадено на новиот владетел по неговото крунисување, всушност значи „Сила на Света Троица“. Раста – така се нарекуваа членовите на движењето – тие веруваат во враќањето во африканската ветена земја, Етиопија. Црните Јамајканци се потомци на африкански робови кои биле насилно донесени на Карибите. Вредностите на тоа духовно движење се правда, љубов, мир, еднаквост. Но и борбата против Вавилон – тоа е синоним за Западот, кој им донесе толкава несреќа на Африканците, но и на Јамајка, каде што ги приземјија киднапираните Африканци.

Растафаријанството се спротивставува на секаков вид политичко, културно и верско потчинување. Тој има меѓу 700.000 и милион следбеници ширум светот од сите бои на кожа.

Со носење на фризура со суканици, многу членови на тоа движење сакаат свесно да се дистанцираат од горните слоеви на општеството. Историскиот шаблон за таа фризура го дадоа кениските бунтовници против британското колонијално владеење од движењето Мау-Мау. Пушењето марихуана не е оригинален дел од растафаријанството, тоа произлезе од желбата на неговите членови да ја прошират својата свест.

Боб Марли всушност беше првата голема меѓународна ѕвезда од таканаречениот Трет свет. Јамајка е лулка на реге музиката, која потекнува од островот во шеесеттите години на минатиот век. Тоа беше време на општествени превирања и неред, криминалците владееја на улиците. Диџеи свиреа музика на отворено, тие го развија тој жанр од постоечките насоки како што се Јамајканската народна музика менто, ска, соул и џез. Боб Марли остави свој печат на развојот на таа музика.

Опуштениот ритам кој истовремено се движи беше одличен носител на пораки за мир и љубов. Текстовите на Марли содржат многу религиозна реторика, но се и реални, зборуваат за дискриминирано малцинство, сместени во гето, зборуваат за ропство и неправда.

Redemption Song е тестамент на Марли. Има неколку снимки, но најдобра е верзијата каде гласот и гитарата се доволни. Отсуството на инструменти го зголемува интензитетот на песната. Боб Марли го цитира растафаријанскиот пророк Маркус Гарви кој во говорот во 1937 година рекол: „Ослободете се од менталното ропство, никој освен нас самите не може да го ослободи нашиот дух“.

Близината на смртта и тие мисли за ослободување го инспирираа Марли за песната. „Сѐ што сум имал се песни на спасението, песни на слободата“, пееше Марли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ