вторник, 22 октомври 2024

Блумберг: ЕУ се плаши од последиците на изборите во Франција по финансирањето на Киев

Одделни членки на Европската Унија се загрижени дека политичката нестабилност во Франција пред парламентарните избори кои претседателот Емануел Макрон ги распиша би можела да ги загрози иницијативите на блокот како заедничкото воено трошење и новата финансиска рамка за поддршка на Украина, изјавиле извори за Блумберг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сè поголеми се сомнежите во зголемувањето на трошењето на ЕУ за одбрана преку колективното финансирање, за што Макрон жестоко се залагаше, тврдат луѓе запознаени со ова прашање. Исто така постои страв дека вонредните парламентарни избори ќе ја поткопаат неговата улога како еден од најцврстите сојузници на Киев, вклучувајќи го неговиот план да се испратат воени единици во Украина.

Членките на ЕУ се плашат дека ненадејните избори би можеле да влијаат и на ветувањата на Макрон да ѝ испрати на Украина помош во вредност од три милијарди евра оваа година, како и неодреден број авиони мираж-2000, наведуваат изворите.

Американската новинска агенција истакнува дека Националниот собир на Марин ле Пен и новоформираната левичарска коалиција Народен фронт котираат пред партијата Ренесанса на Макрон.

Ако Национален собир успее да обезбеди мнозинство, тоа би претставувало „фундаментален предизвик“ за лидерите на ЕУ, заклучува Блумберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ