сабота, 19 октомври 2024

Блинкен: Вратете го соборениот претседател на Нигер, од тоа зависи понатамошната американска помош

Објавено на

часот

Сподели

Водачите на државниот удар во Нигер вчера го назначија генералот Абдурахман Тиани, познат и како Омар Тиани, за шеф на државата, објавувајќи дека го собориле Базум во седмото воено преземање на власта во Западна и Централна Африка за помалку од три години.

Соединетите Држави истакнаа дека му нудат безрезервна поддршка на соборениот претседател. Блинкен, исто така, ги предупреди оние што го приведоа Базум дека се во опасност стотици милиони долари помош.

Базум е првиот избран претседател кој ја презеде функцијата од независноста во 1960 година. Тој се смета за клучен сојузник на западните земји во борбата против исламските милитанти во регионот.

Засега се знае дека е добро и е заробен од сопствените чувари.

Блинкен го повика Базум по втор пат во последните денови, велејќи дека Вашингтон ќе продолжи да работи на „обезбедување целосно обновување на уставниот поредок и демократско владеење во Нигер“.

Во одвоен повик до Махамаду Исуфу, кој беше претседател на Нигер пред Базум, Блинкен рече дека „жали што оние кои го приведоа Базум им се заканија на годините успешна соработка и стотиците милиони долари“ помош, рече портпаролот на министерството Мет Милер.

Советот за безбедност на ОН повика на итно и безусловно ослободување на Базум и ги осуди напорите за неуставна промена на легитимната влада на Нигер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ