САД станаа повнимателни кон кинеската „закана“ од почетокот на руската инвазија на Украина, што не го одвлече вниманието од растечкото ривалство со Пекинг, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Нашата поддршка за Украина не го ослабна нашиот капацитет да одговориме на потенцијалната закана што доаѓа од Кина или од друго место, туку ја зајакна“, рече Блинкен во говорот во Хелсинки.
Осврнувајќи се на Украина, тој оцени дека повиците за преговори и идејата за примирје врз основа на сегашните позиции на фронтот само ќе ја „консолидираат“ контролата на рускиот претседател Владимир Путин и ќе му овозможат повторно да нападне.
Кина се залага за преговори и се противи на испраќање дополнително оружје во Украина.