недела, 20 октомври 2024
Шефот на американската дипломатија

Блинкен: Не се сеќавам светот некогаш да имал повеќе проблеми од сега

Американскиот државен секретар Антони Блинкен им рече на деловните и политичките лидери во Давос дека не може да се сети на период во неговата кариера кога имало повеќе глобални предизвици, од војната во Газа и Украина до тензиите околу Тајван. Блинкен рече дека речиси ниту еден од проблемите што администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден сака да ги реши не може да се реши изолирано, што е слично на изјавата на кинескиот премиер Ли Кијанг, кој повика на поголема глобална соработка, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Опишувајќи го конфликтот во Газа како „потресен“, Блинкен рече дека за решавање на ситуацијата е потребна палестинска држава со владејачка структура „која им го дава на луѓето она што сакаат и соработува со Израел за да биде ефективна“. „Страдањето ми го крши срцето“, рече тој за време на отворањето на Светскиот економски форум во швајцарскиот ски-центар Давос, додавајќи: „Прашањето е што треба да се направи“.

Американскиот државен секретар рече дека Вашингтон добива пораки од речиси секоја земја на Блискиот Исток дека сакаат САД да бидат присутни на преговарачката маса за да ѝ се стави крај на војната на Израел со милитантите на Хамас во Газа.

Тој рече дека Вашингтон е баран и на други места. „Акцентот на партнерството со САД е поголем од кога било“, ѝ рече Блинкен на публиката на панелот.

Запрашан дали има изгледи за итен прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина, Блинкен рече дека не мисли дека има, иако САД секогаш се отворени за тоа.

Во врска со тензиите околу Тајван, каде што владејачката Демократска напредна партија (ДПП) победи на претседателските избори во саботата, Блинкен ја истакна важноста на Тајванскиот теснец и рече дека островот има важно место во светот. Кина го смета Тајван за дел од нејзината територија, а ДПП за „сепаратистичка“ партија.

Кинеската влада го критикуваше одговорот на САД по победата на ДПП, велејќи дека Вашингтон го прекршил сопственото ветување дека ќе одржува само културни и трговски односи или други неофицијални врски со Тајван.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ