вторник, 22 октомври 2024

Блинкен и Салман разговараа за одржлив мир меѓу Израелците и Палестинците

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и саудискиот министер за одбрана Калид бин Салман разговараа за „одржлив мир меѓу Израелците и Палестинците“ за време на средбата во Вашингтон, соопшти денеска Стејт департментот.

Објавено на

часот

Сподели

За време на вчерашната средба Блинкен „ја потврди важноста на решавањето на хуманитарните потреби во Газа, спречување на натамошното ширење на конфликтот и зајакнување на регионалната стабилност и безбедност, вклучително и во Јемен“, се наведува во соопштението, пренесе Тајмс оф Израел.

Блинкен ја истакна посветеноста на Америка да ја поддржи одбраната на американските партнери од заканите од државните и другите актери и ја потврди трајната вредност на американско-саудиското стратегиско партнерство, се додава во соопштението на Стејт департментот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ