вторник, 22 октомври 2024

Блинкен доаѓа во Тел Авив, ќе бара пауза во борбите

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Тел Авив и се очекува да ја повика израелската влада да се согласи на пауза во конфликтот што го води во Појасот Газа против палестинските милитанти Хамас, соопшти Белата куќа.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека САД не се залагаат за општ прекин на огнот, туку за „привремена, локализирана“ пауза.

Напуштајќи го Вашингтон, Блинкен рече дека за време на неговата посета на Израел ќе разговара за конкретни чекори за намалување на штетните ефекти од конфликтот врз цивилите во Појасот Газа.

Хамас изврши ненадеен напад врз Израел на 7 октомври, при што според израелските власти загинаа 1.400 луѓе, главно цивили.

Најмалку 9.061 лице се убиени во израелските бомбардирања и копнената офанзива што следуваа врз малата палестинска енклава од 2,3 милиони луѓе, соопштија властите во Појасот Газа под контрола на Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ