петок, 22 ноември 2024
По бегството од куќен притвор во Македонија

Блерим Рамадани е тука на Косово, ќе се видам со него, вели бивш член на УЧК

Во гостување на косовската телевизија Т7 Луан Јахири oд Урошевац (Феризај), потпретседател на организацијата на воени ветерани на УЧК, изјави дека Блерим Рамадани, кој избега од Македонија, а екстрадиција бараше Србија, моментално е на Косово. Јахири рече дека разговарал со Рамадани и дека ќе се види со него.

Објавено на

часот

Сподели

„Со Блерим денеска не разговаравме долго, го пофалив за одлуката што ја донесе зашто тешко ќе беше да се врати во затворски притвор, а уште потешко да биде екстрадиран во Србија. Кога ќе се видиме, ќе му ја искажеме нашата поддршка. Ќе му препорачаме да пријави во нашите институции, за да се расчисти целото ова прашање“, рече Јахири, како што пренесува порталот Репортери.нет.

Според него, Рамадани бил на мислење дека треба да остане до крај за да се заврши судењето во Македонија.

„Неговата одлука за бегство е донесена откако беше објавено дека ќе биде вратен во притвор и дека може да биде екстрадиран во Србија. Тој донесе добра одлука, би го направил истото и јас“, рече Јахири.

За бегството на Рамадани од куќниот притвор реагираше денеска министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, оценувајќи дека станува збор за голем скандал бидејќи станува збор за лице кое извршило воени злосторства врз Србија на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ