петок, 18 октомври 2024
Извршната директорка на Македонија 2025 пред Самитот

Блажевски: Работиме Македонија да стане просперитетна нација со развиена економија

Објавено на

часот

Сподели

Од своето основање досега, како што рече Блажевски, Македонија 2025 има имплементирано програми за економски развој со вкупна вредност од 3,6 милиони долари. Во секторите образование и лидерство досега се донирани 1,7 милиони долари, а во овие програми вклучени беа над 670 менаџери, претприемачи и млади таленти.

никица

 

Мајк Зафировски, еден од основачите и член на Одборот на директори на Македонија 2025 разговараше со Роберт Доар, директор на Американскиот институт за претпријатија (АИП) на тема долгорочен економски развој, улогата на „тинк-тенк“ организациите во иницирање на економски реформи, како и најновата иницијатива на АИП наречена „Иницијатива за американски сон“, се додава во сооштението од Самитот.

Зафировски се осврна на наодите од извештајот на Светска банка за Западниот Балкан, потенцирајќи дека закрепнување на економиите може да се случи преку структурни реформи, отчетност на институциите, рационално трошење на јавните средства и вложување во дигитализацијата, што е можно преку поголема регионална соработка.  

На првиот ден на Самитот, како што се информира, беа опфатени актуелни теми значајни за бизнисите и граѓаните, како што се дигитална трансформација, зајакнување на претприемачките капацитети, иновации во функција на поголема конкурентност, холистички пристап преку примена на ЕСГ (environment, society, governance) стандардите, како и успешни приказни на компании од регионот.

Дел од Самитот Македонија 2025 е и доделувањето на првото признание за придонес на припадниците на дијаспората, кое се доделува под покровителство на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Ова признание кое беше доделено вчера го добија Софи и Митре Кутановски, за нивната поддршка на млади таленти и студенти од Македонија во рамки на Фондацијата Атанас Близнаков, се потсетува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ