сабота, 19 октомври 2024

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски нa филмскиот фестивал во Венецуела

Дебитанскиот филм на Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“,  ја продолжува успешната фестивалска кариера.

Објавено на

часот

Сподели

После дваесетина селекции и пет награди во 2023, политичкиот трилер кој ја третира темата на трговија со жени, годинава својата прва проекција ќе ја има во Венецуела, на 9. издание на FICMARC – Caribbean Sea International Film Festival (https://ficmarc7.wixsite.com/festivalmarcaribe) кој ќе се одржи од 19 до 21 јануари.

Ова е трет пат филмот да игра во Латинска Америка, каде што лани доби награда за најдобар филм на филмските фестивали во Перу и Панама.

Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а продуценти се Богдан Јончевски, Дритон Рамадани и Гоце Цветановски.

Бизнисот на Задоволството е поддржан од Агенцијата за Филм, а македонската публика напролет конечно ќе може да го види и во кино салите кај нас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ