сабота, 19 октомври 2024

Бизарна несреќа во Пенсилванија, со автомобил се забил на кат од семејна куќа (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Официјални лица од противпожарната компанија Џанкшн од градот Декатур биле повикани на местото на настанот и нашле „тојота корола“ заглавена во покривот, пишува Њујорк пост.

Противпожарната компанија сподели фотографии од инцидентот и дупката од домот.

На нив се гледа автомобил чиј преден дел „исчезнал во покривот“, додека мансардата на куќата е уништена.

Во горниот агол на куќата останала масивна дупка кога автомобилот бил отстранет.

Надлежните екипи ја стабилизирале куќата, за да не се урне дополнително, а на сопствениците им помогнале да постават церада над дупката, за да ја заштитат од предвиденото невреме.

Возачот бил пренесен во болница, објави локалната Еј-би-си ВХТМ, а за среќа никој во домот не е повреден.

Од противпожарната компанија изјавиле за ВХТМ дека автомобилот најверојатно удрил во цевка покрај влезот на куќата, што го исфрлило во воздух.

Меѓутоа, државната полиција на Пенсилванија соопшти дека нивните инспектори веруваат дека несреќата не била несреќа.

Полицајците изјавија за локалната станица дека „преку истрага утврдиле дека несреќата била намерна и дека е поднесена пријава“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ