петок, 25 октомври 2024

Битолската полиција фати диви таксисти, привела и двајца за недозволена трговија со девизи

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР денеска соопштија дека  кај нив биле пронајдени 247.000 денари, 12.430 евра, околу 15.000 австралиски долари, 3.302 американски долари, 4.415 канадски долари и други валути. 

Дополнително, битолската полиција пронашла шест диви таксисти кои немале лиценца за вршење јавен превоз.

„Исто така, на 8 август, криминалистичката полиција при СВР Битола на повеќе локации во Битола изврши контрола на повеќе патнички моторни возила кои вршат превоз на патници и притоа биле затекнати шест патнички моторни возила кои вршат превоз на патници без поседување лиценца за вршење на јавен превоз. По документирање на случаите, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, пишува во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ