сабота, 26 октомври 2024

Битолчанец пукал во куче, полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава

Објавено на

часот

Сподели

„Претходно, околу 12:30 часот во СВР Битола Т.В. (50) од Битола, пријавил дека додека како такси возач  бил паркиран во населба Горно Оризари во Битола со патничко моторно возило голф со битолски регистарски ознаки, слушнал истрел, а куршумот го оштетил задниот дел од возилото. По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција го лишила од слобода М.Н., кој го признал кривичното дело, а во службениот разговор изјавил дека пукал во куче“, информираа од СВР Битола.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираа од секторот за односи со јавност на СВР-Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ