петок, 25 октомври 2024

Битолчанец со трактор сакал да влезе во казино, неготинчани со сила украле пари

Рано изутринава во 00:30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(40). Тој се сомничи дека синоќа околу 23:5 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња пред влезот на казиното. А, ОВР Неготино поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(20), Н.Ј.(23) и К.Р.(22), тројцата од Неготино, затоа што од вработена во казино одзеле пари.

 

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

А, ОВР Неготино поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(20), Н.Ј.(23) и К.Р.(22), тројцата од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.

„На 25 февруари, пријавените со закана со пиштол кон вработените од казино во Неготино одзеле пари“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ