вторник, 22 октомври 2024

Битиќи: Мицкоски ќе треба да одговори како 70 отсто задолжување нема да биде проблематично

ВМРО-ДПМНЕ признава дека сме направиле добра тендерска постапка бидејќи сме успеале да ја намалиме маржата на добивка која ЕВН ја тарифира кон граѓаните, вели во интервју за Радио Слободна Европа пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, коментирајќи ги најавите на мандатарот Христијан Мицкоски за измени на Законот за енергетика, со кои се најавува дека струјата за домаќинствата нема да поскапи.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Коментирајќи го раздвојувањето на енергетиката и економијата, Битиќи во интервјуто оценува дека начинот на кој е направено ќе значи враќање во времињата на нетранспарентност и отчетност во владеењето од оваа структура на луѓе.

„Во последните седум години се обидувавме секоја една постапка особено кога е поврзана со стратешките сектори и е во полза на граѓаните тоа да биде на транспарентен начин. Стратешките инвестиции во енергетиката беа преговарани преку две години во институциите, не надвор од нив. И имаше дилеми од граѓаните, од сегашната опозиција за тоа како тие ги гледаат стратешките инвестиции во енергетика. Мислам дека ќе се отвори Пандорината кутија бидејќи нашата држава сѐ уште нема дефинирано што ќе прави во сегментот рударство како индустрија. Имавме две инвестиции во рударството за кои граѓаните се изјаснија на референдум дека не би требало да бидат направени. Станува збор за Казандол во гевгелискиот регион и Иловица. Сметам дека со одвојувањето наскоро ќе видиме како ќе се отвораат и ме интересира каква ќе биде реакцијата на граѓаните и одредени организации кон овој феномен“, вели Битиќи.

Тој посочува дека во одвојувањето на енергетиката и економијата препознава партиски интерес, бидејќи, според него, мандаторот Мицкоски има искуство во сегментот на енергетиката и има желба да покаже дека има знаење.

„Но, сметам дека енергетиката како стратешки сектор би требало да има посебен осврт, но не сум сигурен дека другите сегменти што се припоени кон министерството за енергетика ќе дадат резултат, бидејќи за тоа немаме консензус дека тоа се стратешките интереси во наредниот период во развојот на државата. И со Националната развојна стратегија докрај не сме дефинирале дека рударството е еден од стратешките сектори“, вели пратеникот Битиќи.

Зборувајќи за тоа што ќе значи за јавниот долг најавеното задолжување на Мицкоски од 1 милијарда евра, Битиќи истакнува дека тоа ќе го зголеми долгот на околу 66 отсто од БДП, а и со другите најави може да се очекува овој процент да се зголеми на околу 70 отсто од БДП.

„Па на граѓаните ќе треба да им се одговори како одеднаш сите коментари дека државата е презадолжена затоа што сме блиску до 60 отсто, наеднаш 70 отсто задолжување не е проблематично. Второ, сметам дека и мандатарот и партијата и тие на власт ќе треба да одговорат кој бил мандатот за да се испреговара такво задолжување додека биле во опозиција, со билатерална земја без разлика што тоа е земја членка на ЕУ, бидејќи знаеме дека нивниот бивш лидер престојува во таа земја. Па дали можеби не зборуваме за корозивен капитал кој се враќа во нашата земја под превезот на задолжување“, вели пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервјуто за Радио Слободна Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ