четврток, 25 јули 2024
Изјава на претседателот на РКЕ

Бислимоски: Цената на лебот не е зависна од цената на струјата на ЕВН хоум

Не е точно дека цената на лебот треба да се зголеми ако се зголеми цената на струјата, бидејќи пекарите се снабдуваат и треба да се снабдуваат од слободниот пазар, а не од универзалниот снабдувач, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски и додава дека повторно комисијата треба да се бори со лажни вести.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, коментирајќи го ставот од претставници од пекарската индустрија дека тие во голем дел зависат од домашното производство и оти со растот на цената на струјата ќе се зголеми и цената на лебот, порача дека големите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат електрична енергија на слободниот пазар и оти не смеат да бидат снабдувани од ЕВН Хоум.

„Големите пекарски компании во државата, кои обезбедуваат најголем  дел, односно над 90 проценти од потребите за леб, мора да одат на слободен пазар на електрична енергија. Тие никогаш не биле снабдувани од универзалниот снабдувач“, рече Бислимовски, на новинарско прашање на прес-конференцијата за 32. Генерално собрание на регулаторите за вода од Европската Унија – WAREG, што се одржува во Скопје.

 

Со  таквите лажни вести, као што рече, ќе се бори со факти и кажување на вистината.

„Тоа е тоа, мора постојано да се бориме со лажни вести, како и кога почна корона –  кризата и енергетската криза, дека ќе се зголемувале цените за 200, 300 проценти, дека ќе немаме струја, а ништо не испадна дека е точно. Повторно исти такви експерти почнуваат со лаги, но ние сме тука да се бориме. И тие имаат пристап до медиумите, треба да се покрие одреден прилог, на некој не му е срам да лаже, но тоа е тоа, со лажговци ќе се бориме со факти“, рече Бислимовски.

Претседателот на РКЕ потврди дека е огромен трендот на преместување на компании од регулиран на отворен пазар и ги повика сите мали потрошувачи кои имаат можност да се вратат назад на слободниот пазар.

„Ако потрошувачката на малите потрошувачи кои биле снабдувани од ЕВН Хоум во екот  на енергетската криза била околу 450 – 500 милиони киловат часови годинава таа ќе падне на околу 220-230 милиони киловат часови. Значи околу 250-270 милион киловат часови на мали потрошувачи се префрлени на слободниот пазар  и тоа е сосема логично затоа што таму има поевтини цени и трошоци. Ги охрабрувам сите мали потрошувачи кои имаат можност  да си се вратат назад на слободниот пазар. Ако се зголемат таму цените тоа што се обезбедува од државата, цена од некаде 180 -190 евра, во зависност од тоа какви се случувањата,  повторно да се вратат ако има експремни услови, но сега кога  е поевтино не гледам логика да седат на регулираниот пазар. Тоа од друга страна  ни прави притисок за цената на домаќинствата, но овие мали потрошувачи, кафетерии, дуќанчиња, нека си одат на слободниот пазар. Ако не си го искористат тоа право никој не им е виновен“, рече Бислимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ