петок, 25 октомври 2024

Бил Клинтон: Проширувањето на НАТО беше добра одлука

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон на конференција по повод годишнината од влегувањето на Чешка, Полска и Унгарија во западниот воен пакт, ја бранеше одлуката за проширување на НАТО кон исток пред 25 години, и покрај дадените гаранции на Москва дека тоа нема да се случи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Понекогаш едноставно морате да ризикувате и тоа е она што сите вклучени пред 25 години решија да го направат“, кажа Клинтон. „Мислам дека тоа беше добра одлука. Го направивме правилниот чекор и го проширивме НАТО кое продолжува да се шири“.

Трите поранешни членки на Варшавскиот пакт, сојузот во кој доминираше Советскиот Сојуз, влегоа во НАТО на 12 март 1999 година. Варшавскиот пакт беше распуштен во 1991 година.

Поранешниот американски претседател смета дека Западот мора да стои со Украина до крајот на војната против Русија.

„Веројатно нема да му се допадне ова што го кажувам, но претседателот Владимир Путин нема да живее вечно, како ни јас“, кажа Клинтон.

Одговарајќи на критиките дека проширувањето на НАТО е спротивно на руските безбедносни интереси, Клинтон кажа дека тој се обидел за време на своите два мандати, заклучно со 2001 година, да соработува со Русите преку Советот НАТО-Русија. „Им понудивме прилика да учествуваат“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ