вторник, 22 октомври 2024

БиХ: Пукање во училиште, уапсен малолетник, тешко ранет наставник

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на локалната полиција за овој медиум потврдил дека осомничениот е „ставен под контрола“ и приведен во полициска станица. Пронајден е и пиштолот употребен во нападот.

Според неофицијални информации, во престрелката е ранет наставникот по англиски јазик Н.О. Од болницата за Кликс официјално потврдиле дека пациентот бил примен со рана на вратот и дека е во тек операција во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Порталот Кликс јавува, повикувајќи се на неофицијални информации од истрагата, дека осомничениот ученик е познат по своето недолично однесување, но и дека јавно кажал дека планирал одмазда затоа што од училиштето во кое бил извршен нападот бил префрлен во друго поради лошо однесување.

Според истите медиуми, тој дошол во училиштето вооружен и го барал наставникот, кој потоа го ранил.

Полицијата сѐ уште не соопштува детали за случајот, наведувајќи дека од терен се собираат оперативни информации.

За пукањето зборуваше градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ, кој нагласи дека нема повредени деца.

„Во ОУ Лукавац Град пукање во училиштето. Има повредени. Меѓу нив нема деца, па затоа ги молам родителите да ја скротиме паниката“, рече Делиќ.

Тој рече дека ова е тежок ден за сите жители. „Сторителот е малолетно дете и веднаш е уапсен“, рече Делиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ