вторник, 22 октомври 2024

Биди зелен, почитувај ја природата

Концепт плус од Скопје почна со имплементирање на проектот „Биди зелен, почитувај ја природата“ чија цел има за подигање на свеста за заштита на природата. Целта е да едуцира и да се подигне јавната свест кај младите луѓе за почитување на природата и значењето на заштитата на нашата природа и животна средина. Овој проект ќе се фокусира на подигнување на свеста кај младите за почитување на природата преку нивно вклучување преку креирање креативни дизајни за кампањите и промовирање на дизајните преку социјални медиуми.

 

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањата покажуваат дека загадувањето на воздухот, водата и земјата негативно влијае на здравјето на луѓето и екосистемите. Според податоците од Светската здравствена организација, загадениот воздух предизвикува преку 4,2 милиони смртни случаи годишно. Отпадоците кои се фрлаат во океаните ги загрозуваат морските животни и ги затруднуваат животните во морските екосистеми. Од друга страна, одржувањето на зелени простори и засадувањето на дрвја помага во намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид и влијае на подобрување на квалитетот на воздухот. Почитувањето на природата не само што го одржува балансот во екосистемите, туку и создава благодатни услови за здрав живот.

Загаденоста во Македонија е сериозен проблем, особено во градските области како Скопје, Битола, Тетово, каде што емисиите од возилата, индустријата и домувањето предизвикуваат загадување на воздухот. Младите луѓе често не се свесни за влијанието на своите постапки врз природата и не ја почитуваат околината. Отпадоците се фрлаат непропорционално, а недостатокот на еколошка свест за заштита на природата дополнително влијае врз загаденоста и неквалитетниот воздух.

Преку имплем,ентација на проектот за кревање на свеста за заштита и почитување на природата, добива уште поголема релевантност и значење. Целта не е само да ги мотивираме младите луѓе да се вклучат во активности за заштита на природата, туку и да ги образуваме за важноста на оваа тема.

Екстремно е значајно да се работи на подигнувањевна свеста за заштита на природата и зголемување на свеста особено кај младите за заштита на природата. Преку различни активности во рамките на проектот се надеваме дека ќе влијаеме да се зголеми свеста и да се чува природата“, вели Синиша Пекевски од Концепт плус.

„Ние како компанија се грижиме за заштита на природата и секогаш подржуваме активности кои се во насока на зајакнување на свеста за заштита и чување на природата“, рече Ален Адиловиќ,  менаџер на Грин ленд.

Предвидено е проектот да трае до 31 август, но Концепт плус ќе продолжи со имплементација и по тој период заради огромната важност на оваа тема за населението. Проектот го спроведува Концепт плус од Скопје, и е финансиски поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање и од колективниот постапувач за управување со масла и отпадни масла, Грин ленд груп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ