недела, 20 октомври 2024
Народниот правобранител со тврдење

Безбедносните камери во затворот во Идризово не снимиле се што се случило при претресот во кој беа повредени полицајци и затвореници

„Ден по претресот на припадници на Министерството за внатрешни работи, се организиравме и, иако беше недела, го посетивме затворот „Идризово“. Влеговме во полуотвореното одделение во кое се сместени затвореници во тој дел во кој е извршен претресот и, за жал, поради неработен ден, не успеавме да ги обезбедиме сите потребни докази кои ги баравме, меѓу кои и снимките од видео надзорот на просториите во кои се случил настанот“, рече народниот правобранител, Насер Зибери во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејќи не беа во можност да ни го обезбедат тоа, поради отсуство на вработено одговорно лице во тимот кој го следи видео надзорот, требаше да се обратиме во понеделник и да ја завршиме таа акција околу обезбедување на доказите и да извршиме разговор со службени лица, со директорот на затворот, со заменикот, со сменоводители, итн. При влегува во просторијата во која што се чуваат уредите кои ги следат камерите преку кои се врши видео надзорот, во еден момент влезе група на затвореници и настана недоразбирање околу тоа кои се, што, зошто ги бараат видео снимките, итн. Ставени во една таква непријатна ситуација, лицето одговорно за видео надзорот го прекинува натамошното третирање на видео записите во понеделникот. На тој начин била прекината постапката за проверка на видео записите и во таа ситуација, лицата определени од мене за вршење на видео надзорот побарале од одговорното лице и од управата на затворот, истите да ни бидат обезбедени на у-ес-бе стик за да можеме да ги третираме во просториите на народниот правобранител“, опиша Зибери.

Според него, видео записите ги добиле во вторникот, откако повторно биле во затворот „Идризово“.

„Ги обезбедивме тие снимки кои, патем да кажам, не се доволно квалитетни, но процесот на обработка на истите трае. Недоволно се квалитетни, бидејќи нема видео запис кој перманентно ги следи просториите во сите делови. Второ, дел од камерите не биле вклучени и свртени кон просторијата каде што требало да биде снимен записот. И трето, во еден дел се гледа, на почетокот на изведување на акцијата, двајца затвореници ги вртат камерите. Дали сметале дека не се добро насочени, па сакале да ги пренасочат или намерата им била да не биде снимен целиот настан, не можам да дадам мериторен одговор. Но, се гледа дека двајца затвореници ги пренасочуваат камерите“, истакна народниот правобранител.

Дел од камерите се вртат кон ѕид, дел кон т.н. „мртви агли“ и во целиот случај, нагласи Зибери, има многу отворени прашања, како на пример, како што потенцира, зошто се дозволува пристап на затвореници во делот каде што се врши видео надзор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ