петок, 18 октомври 2024

Бесплатни кардио прегледи за пензионерите од докторите на клиниката „Жан Митрев“

Објавено на

часот

Сподели

Целта на „Здравствениот караван“ и бесплатните прегледи е да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба. Клиниката „Жан Митрев“ со овој караван ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор. Со прегледите ќе се прави и советување и едукација за правилно и навремено дијагностицирање на можни заболувања, сѐ во насока на превенција на срцеви заболувања.

Програмата и начинот на спроведување на Здравствениот караван е направена во соработка со претставниците на Сојузот, кои беа присутни при потпишувањето на меморандумот во состав Станка Трајкова, претседател на Сојузот на пензионери, примариус д-р Стојанче Стефановски, претседател на комисијата за здравство и социјална политика при сојузот, Менка Темелковска, секретар на извршниот одбор на Сојузот на пензионери на Македонија и Васил Пачемски, уредник во весникот Пензионер плус.

Во име на клиниката на потпишувањето присуствуваа д-р Емил Стоицовскианестезиолог, д-р Елена А. Виларова медицински директор и д-р Жан Митрев ги пречекаа.

Прегледите ќе содржат анамнеза, ЕКГ, ултразвучен кардио васкуларен преглед и контрола на ТА. Здравствениот караван ќе се спроведува во соработка со локалните/подрачни пензионерски здруженија во текот на месеците мај и јуни, а ќе ги посети оние места и градови каде пристапот до специјалистички преглед е оневозможен.

Со оваа активност клиниката „Жан Митрев“ ја подигнува јавната свест во насока на грижа за кардиоваскуларното здравје со навремена превенција од кардио заболувања на посебни целни групи и навремено идентификување и намалување на ранливоста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ