вторник, 22 октомври 2024

Беснеат пожари, градоначалниците на Неготино и Велес побараа помош за гаснење од воздух (ВИДЕО)

Пожарот на отворен простор кај селото Пепелиште се шири кон планината Серта. Општина Неготино побара од Центарот за управување со кризи – ЦУК координација со барање да се испрати хеликоптер за гаснење на огнот. Помош за гаснење од воздух побарал и градоначалникот на Велес. Од ЦУК информираат за поголем број на пожари низ Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Регионалниот ЦУК Велес информира дека има пожарот кај Пепелиште запчнал на сува трева и нискостеблеста шума, но се проширил кон планината Серта.

„На терен се присутни екипа од територијалната противпожарна единица Неготино со осум пожарникари и две протипожарни возила и претставници од воениот полигон Криволак. Според нивна проценка, постои можност за разгорување на пожарот со тенденција да се прoшири во правец на планината Серта“, соопштија од Центарот.

Градоначалникот на Неготино доставил до ЦУК барање за асистенција од хеликоптер, за воздухопловна противпожарна поддршка на противпожарните сили што дејствуваат по земја.

Пожари на отворен простор има на повеќе места во Македонија.

Врз пожарите во Велешко, а конкретно врз пожарот кај Црквино, дејствува хеликоптерот на Хеликоптерската единица на МВР, откако помош од воздух побарал градоначалникот на Велес.

Од ЦУК велат дека пожарите на отворено во велешко се со две јадра, помеѓу селата Караслари и Црквино – над месноста Венуле.

„Известени за пожарот беа во Македонски Шуми, шумско стопанство Бабуна – Велес, но бидејќи вработените не биле осигурани и немале гориво за возилата кои биле и нерегистрирани и неисправни, не излегле на терен за да го гаснат пожарот“, вели Горан Стојановски од ЦУК.

Уште еден пожар во велешко е активен од вчера од 16:30 часот и гори голема површина помеѓу селата Отиштино и Оризари. Се гансе со едно возило и четворица пожарникари.

Од ЦУК информираат дека во последните 24 часа низ Македонија имало 13 активни пожари на отворен простор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ