„Не само што сме отворени, туку продолжуваме интензивно да работиме со сите опозициски сили. Имаме добра комуникација со Изет Меџити и сметам дека во моментот кога ќе го формализира неговото движење ние ќе ја формализираме и соработката. Дозволете ми да упатам повик и до сите други структури, другите партии и поединци кои не се задоволни од другите партии, да се придружат на ова движење бидејќи дојде време кај Албанците да има ротација во власта и конечно Албанците да направат промена и да бидат достоинствено застапени во државните институции“, рече Касами.
Лидерот на Беса упати повик до лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари да ја напушти Владата и да се приклучи кон на „опозицискиот фронт“ за да ја победат ДУИ на претстојните парламентарни избори, објави весникот на албански јазик „Лајм“.
„Ги повикувам Таравари и останатите да сватат час поскоро дека оваа Влада е Влада на криминалот и корупцијата, оти таа не им сака добро на граѓаните. Им упатувам повик на Таравари и останатите колку е можно побргу да им се приклучат на граѓаните, на Албанците и на опозицискиот фронт, ако им сакаат добро на граѓаните навистина. Не се искрени критиките на Таравари кон власта, кој е дел од неа. Ако сакаат навистина промени, таа промена може да се направи само преку опозицијата, обединувајќи ја опозицијата и излегувајќи со јасна понуда пред гласачите. Во тој случај одговорот од гласачите ќе биде масовен и ќе се случи долгоочекуваната промена и кај Албанците“, вели лидерот на Беса Билал Касами.