вторник, 22 октомври 2024

Беровските пожарникари потпишаа меморандум за соработка со словенечките колеги

Објавено на

часот

Сподели

Воедно од страна на словенечкото противпожарно друштво, за потребите на ТППЕ Берово донирана е приколка за шумски пожари.

„Им посакав добредојде на гостите од Словенија,  упатив благодарност за донацијата, која што ни значи многу и им доделив благодарница за унапредување на противпожарната заштита во Берово. Истакнав дека нашата соработка ќе продолжиме и понатаму, со цел унапредување на општинските услуги кон граѓаните и остварување успешна реализација на заеднички проекти, за подобрување на животот на жителите во двете општини“, рече Пекевски.

Благодарност за донацијата упати и Командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

„Приколката е со капацитет од 400 литри и ќе биде од огромна корист за јакнење на  капацитетите на ТППЕ Берово“, рече Руменовски.

Во рамки на посетата на Берово делегацијата од Нова Горица, во која беа и родителите на Жан Кофол, пожарникарот кој несреќно загина по враќање од доброволната мисија во Малешевијата, двете делегации ја посетија улицата, која во знак на висока почит беше именувана по словенечкиот пожарникар.

На крај беше упатена пораката за продлабочување на меѓународната соработка со Словенија со цел градење нови интракултурни мостови на трајно пријателство.

Словенечки пожарникари беа дел од стотиците пожарникари кои во август 2021 година храбро се бореа со страотните пожари кои го зафатија малешевско-пијанечкиот крај во кој изгоре околу 5.000 хектари шума или над 400 илјади кубни метри дрвна маса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ