вторник, 22 октомври 2024

Бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1 денар за литар, а за половина денар еуродизел (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

 

 

Објавено на

часот

Сподели

Со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 81 денар за литар, додека цената на еуросупер БС-98 ќе биде 83 денари за литар, 74 денари ќе биде новата цена на литар дизел, а 73 денари на екстра лесното масло за домаќинство.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,14 проценти, соопшти РКЕ.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,2 проценти или за 17,9 долари за тон, кај дизелот зголемувањето е во
просек за 1,1 проценти или за 8,4 долари за тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 1,1 проценти или за 8,3 долари за тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,1 процети или за 10,1 долари за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,08 денари за долар и е за околу 0,146 проценти повисок од курсот на доларот (56,9996 денари за долар) по кој беа формирани цените со претходната пресметка“, наведува РКЕ во одлуката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ